Адреса:

Работно Време:

9:00ч – 20:30ч (Пон-Саб)

Телефон:

Мобилен:

Д-р Мацурa

Приватна Здравствена Организација

Д-р. Мацура

ПЗО „Д-р Мацура“ е една од најстарите приватни здравствени организации во Тетово која повеќе од дведецени успешно им пружа здравствена заштита на граѓаните од Тетово и од поширокиот полошки регион. Оваа здравствена установа почнува да фунционира од март 2001. Година најпрвин како поликлиника по интерна медицина и дерматовенерологија. Првите чекори во оваа област ги чинат Д-р Јовица Мацура, специјалист по интерна медицицина, потоа ценетиот специјалист – интернист примариус Д-р Душан Трпчевски и дерматовенерологот Д-р Фатиме Мусаи.

 Приватната здравствена организација „Д-р Мацура“, функционира како поликлиника по интерна медицина и дерматовенерологија од 2001.

Покрај веќе востановеното успешно работење на дијагностицирање и лекување на кардио-васкуларните, дерматовенеролошките и други здравствени проблеми на пациентите, со тек на времето  тимот доктори е засилен и со високо стручен кадар од клиники од Скопје и други места.

Поради укажаната потреба на граѓаните ПЗО „Д-р  Мацура“ ангажира и т.н. визитинг-доктори професори од УКИМ и друг високостручен кадар од Скопје, со што здравствените услуги на граѓаните од Тетово и поширокиот полошки регион им ги прават подостапни. Така, лекарската екипа се засилува со афирмирани кардиолози-ангиолози, ревматолози, дерматовенеролози естетичари, специјалисти за жлезди со внатрешно лачење со посебен акцент на тироидната жлезда, потоа и со друг врвен медицински кадар од областа на пулмологијата, неврологијата, психијатријата, остеопорозата и други експерти. Во изминатите години мошне голем интерес, посебно припадничките на понежниот пол, покажуваат за правилниот начин на исхрана  преку советувања  за што е ангажиран искусен нутриционист.

Сето ова укажува дека ПЗО „Д-р Мацура“  претставува центар каде може да се решат мноштво медицински проблеми и да се добијат медицинска услуги од повеќе области.